Portali X
Насловна · Што откри PortaliX

Што откри PortaliX

Длабински стории и истражувачки репортажи

Стории

МВР и Град Скопје: Помеѓу барањето за придружба на нерегистрираните возила и кршење на Законот за возила
·1 min

МВР и Град Скопје: Помеѓу барањето за придружба на нерегистрираните возила и кршење на Законот за возила

Ставот на МВР наместо да даде одговор, отвори повеќе прашања – дали во ист ден Град Скопје има поднесено барања за два различни настани кои беа направени во неколку денови разлика. Со нивниот одговор не се знае ниту дали е испочитуван законот, односно возилата имале потврда за пробно возење, налог за пробно возење или пробни регистарски таблички кои треба да бидат, а не беа видливи на ниту едно од овие возила.

Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе
·1 min

Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе

Во неговото возило бил пронајден пиштол за кој немал дозвола. Според извори на Порталикс, еден од вработените по заканите изгубил свест, по што била повикана и Итната медицинска помош.

Конгрес имаше, обединување се уште нема: ВРЕДИ и по шест месеци не постои како регистрирана партија
·2 min

Конгрес имаше, обединување се уште нема: ВРЕДИ и по шест месеци не постои како регистрирана партија

Шест месеци по прогласувањето на обединувањето на петте партии во една политичка структура, ВРЕДИ сè уште не е регистрирана како единствен политички субјект. И покрај најавите за историско обединување, партиите продолжуваат да функционираат одделно, со сопствени раководства и партиски ограноци. Од ВРЕДИ велат дека процесот на обединување бара време, но останува отворено прашањето зошто најавеното политичко спојување сè уште не е формализирано.

Од осуденик до лично обезбедување на премиерот: Кој го проверувал Оливер Станковски?
·1 min

Од осуденик до лично обезбедување на премиерот: Кој го проверувал Оливер Станковски?

Од боксерски ринг, во затвор, а од затвор во лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски – вака изгледа професионалниот пат на новоименуваниот директор на затворот во Шутка, Оливер Станковски.

4,9 милиони евра за фирмата на ќерката, таткото Бобан вели дека бил само „креативец“
·1 min

4,9 милиони евра за фирмата на ќерката, таткото Бобан вели дека бил само „креативец“

Фирмата на Миа Милошевска добила 1,85 милиони денари од Државна лотарија само два месеца пред милионскиот проект за прославата на независноста. Таа и натаму не се појавува во јавноста, а за спонзорството во нејзино име одговара татко ѝ Бобан Милошевски.

Фалсификувањи возачки дозволи: Обвинителството сè уште нема оформен предмет
·2 min

Фалсификувањи возачки дозволи: Обвинителството сè уште нема оформен предмет

Пет дена по известувањето на ПорталиX за над 300 сомнителни фалсификувани возачки дозволи, Обвинителството сè уште нема отворено предмет. МВР вели дека собира докази, а истрагата треба да ги утврди размерите на случајот и лицата кои се вклучени.

Директорот на ЦУК “прави теле” од народот со слика од пожарите од Калифорнија
·2 min

Директорот на ЦУК “прави теле” од народот со слика од пожарите од Калифорнија

Фотографија од новородено теле, спасено од пожарите во Калифорнија, теле спасено во Македонија и објава која ги претстави двете различни случувања како една иста приказна. Дури по проверката на ПорталИкс, директорот на ЦУК, Мухамед Али, призна дека фотографијата не е од настанот во Северна Македонија и дека била употребена само како илустрација. Иако не бил запознаен со вистинската приказна за телето на фотографијата, Али инсистира дека слична сцена се случила и во земјава и дека тој лично бил присутен при спасувањето.

1.400 евра за нова категорија: сомнежи за фалсификување на возачки дозволи
·1 min

1.400 евра за нова категорија: сомнежи за фалсификување на возачки дозволи

Сомнежите за фалсификување на повеќе од 300 возачки дозволи од категориите Ц и Д поттикнаа повторно разгледување на над 50 предмети од страна на Внатрешната контрола на МВР. Случајот, според извори на „PortaliX“, го истражува и Основното јавно обвинителство.