Portali X
Што откри PortaliX

1.400 евра за нова категорија: сомнежи за фалсификување на возачки дозволи

Сомнежите за фалсификување на повеќе од 300 возачки дозволи од категориите Ц и Д поттикнаа повторно разгледување на над 50 предмети од страна на Внатрешната контрола на МВР. Случајот, според извори на „PortaliX“, го истражува и Основното јавно обвинителство.

1 min 377
1.400 евра за нова категорија: сомнежи за фалсификување на возачки дозволи

Внатрешната контрола на МВР и Основното јавно обвинителство ги истражуваат сомнежите за незаконско додавање категории во возачките дозволи

Според извори на „PortaliX“, граѓаните наводно плаќале по 1.400 евра, по што возачката дозвола ја пријавувале како изгубена или оштетена. При издавањето на новиот документ, осомничени полициски службеници наводно ја додавале бараната категорија без спроведување на законски предвидената постапка.

Внатрешната контрола досега презела повеќе од 50 предмети, додека според неофицијални информации, на овој начин можеби биле издадени над 300 возачки дозволи. Се сомнева дека најчесто биле додавани категории за управување со тешки моторни возила.


Од МВР потврдија дека за случајот е известено надлежното обвинителство.

„Во координација со Јавното обвинителство се преземаат соодветни активности за расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, изјавија од МВР за „PortaliX“.

Истрагата треба да утврди колкав е бројот на незаконски издадените возачки дозволи, кои лица биле вклучени во случајот и дали меѓу осомничените има службеници кои претходно биле осудувани за слични кривични дела.


Сподели

Слични