Portali X
Што откри PortaliX

ОЈО Струмица бара внатрешна контрола во Управата за финансиско разузнавање

Првпат e побарана проверка за постапувањето на Управата: ОЈО Струмица отвора прашања за уплата од 500.000 евра

1 min 63
ОЈО Струмица бара внатрешна контрола во Управата за финансиско разузнавање

Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, Одделението за криминалистичка полиција при МВР, до Министерството за финансии доставило допис со прилог барање од ОЈО Струмица за преземање дејствија, односно спроведување внатрешна контрола во Управата за финансиско разузнавање.

Според информациите доставени до редакцијата на ПорталиХ, барањето е доставено за потребите на кривична постапка оформена во ОЈО Струмица, по предлог на МВР – СВР Струмица, во врска со настан од април 2026 година, кога при претрес во домот на лицето Б.П. биле одземени предмети, а постојат основи на сомневање за сторени кривични дела даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело и лихварство.  

Во барањето се наведува и дека истото лице на 31 август 2018 година, во филијала на деловна банка во Струмица, во готовина уплатил 500.000 евра за кои според наводите не можел да го докаже потеклото.

Од ОЈО Струмица бараат Министерството за финансии да спроведе внатрешна контрола во Управата за финансиско разузнавање, со цел да се утврди дали во врска со уплатата од 2018 година Управата постапувала во рамки на своите законски надлежности.


Сподели

Слични