Portali X
Што откри PortaliX

Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе

Во неговото возило бил пронајден пиштол за кој немал дозвола. Според извори на Порталикс, еден од вработените по заканите изгубил свест, по што била повикана и Итната медицинска помош.

1 min 718
Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе

Според информации добиени од извори на Порталикс, лицето со иницијали Л.Б., кое раководи со сектор во ЈП „Комунална хигиена“, подолг период им упатувало закани на вработените.

Случајот кулминирал вчера, кога еден од вработените, исплашен од заканите, изгубил свест, по што била повикана Итната медицинска помош.

Вработениот го пријавил случајот во полиција, по што полициски службеници го привеле осомничениот. По добиените информации дека тој се заканувал со пиштол, полицијата извршила проверка и во неговото возило пронашла огнено оружје за кое, според нашите извори, немал соодветна дозвола за поседување или носење.

Според информациите со кои располага Порталикс, осомничениот сè уште се наоѓа во полициска станица и се очекува понатамошна постапка од надлежните институции, вклучително и одлука за евентуално определување мерка притвор.

Порталикс ќе го следи случајот и ќе ги објави официјалните информации од надлежните институции.

Сподели

Слични