Артан Муча од Шуто Оризари во саботата наутро бил претепан од стана на полицијата иако не бил воопшто дел од акцијата која полицијата ја спорведувала. Тој во 5:45 слушнал вресоци по што излегол надвор да види што се случува. За момент помислил дека имало собраќајка.
„Мислев дека се случила сообраќајка или дека некој сосед можеби е во неволја. Брзо излегов“ Мајка ми дојде по мене.
Но видел голем број на полицајци и сватил дека станува збор за некоја полициска акција, но полицијата веднаш го претепанла без да биде сослушан. За ова сведочи и неговата мајка.
„Не знаевме дека станува збор за полиција. Кога ја видов групата, помислив дека се комити а не полицајци. Двајца носеа маски, а еден беше во цивилка“.
Полицајците му наредила да легне и да ки крене рацете, раскажува тој.
„Кога ми рекоа да легнам, ги кренав рацете нагоре и им кажав дека немам ништо. Не знаев кои се, а помислив дека некој се степал или се случило нешто слично“.
Тој продолжува да раскажува како, откако го пуштиле, бил упатен дома. Но целиот со крв дури немал ниту баланс, па по тоа викнале и брза помош
„Не знам што да правам, каде да се жалам кога полицијата која треба да не заштити се однесува вака“, веки мајката која беше сведок на целиот настан.
МВР се уште нема одговор за овој настан, иако момчето ги пријавило полицајците во полициската станица во Бутел.
Целата сторија погленете ја во видео записот.