XВести

МВР го истражува случајот за претепаното момче од страна на полицијата

По објавата на Порталикс дека момчето  Артан Муча, жител на Скопје, бил претепан од полициски службеници, Министерството за внатрешни работи информира дека записникот на претставката е доставен до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за понатамошно постапување.

„Службите од овој оддел започнале проверки за утврдување на фактите околу инцидентот. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Чаир при СВР Скопје  е земен Записник за усно поднесена претставка од лицето Артан Муча и истото е доставено до Оддел за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди за понатамошно постапување“, велат од МВР.

На прашањето дали Муча бил предмет на истрага или дали било вмешан во спречување на полициски службеници при извршување на нивните овластувања, МВР одговори дека и на ова прашање се работи, а по утврдување на фактичката состојба ќе следи дополнително известување.

Како полицијаците го претепале без на направат никаква проверка, раскажува самото момче, а сведок била и неговата мајка. Целосната сторија можете да ја видите на видео записот.

Related Articles

Back to top button