Работата во екстремни услови, без оружје, изложени на ризици и со недоволен број чувари – ова е реалноста на затворите во Северна Македонија. Тие се соочуваат не само со насилство и закани внатре во затворите, туку и надвор од нив. Последниот случај е на еден чувар, кој имал конфликт во затворот и потоа му беше запалена колата.
Но, во јануари оваа година, еден чувар во затворот во Велес го загуби животот со престрел од куршум во главата.
Исто така, случаите на корупција и злоупотреба на службената должност се исто така загрижувачки. Во моментов, Јавниот обвинител постапува по 13 случаи на сомнеж за вклученост на чувари во организиран криминал, вклучувајќи трговија со забранети предмети како телефони внатре во затворите.
Една од главните причини за оваа ситуација е недостатокот на психолошка поддршка за чуварите. Психолозите нагласуваат дека стресот од соочување со затвореници со тешка криминална историја, заедно со недостатокот на професионална поддршка, ја влошува психолошката состојба на работниците во затворите.
Според психологот Сумеја Рамадани, итно e потребно властите да создадат систем на психолошка поддршка за овие работници, за да се спречат сериозните психолошки и физички последици што можат да ги доживеат за време на работата. Европските земји, но и во регионот вклучувајќи ги Косово и Турција, веќе развиле системи на поддршка за чуварите, додека Северна Македонија сè уште нема.
Ако оваа ситуација продолжи, состојбата може да се влоши, како што предупредува и Омбудсманот.