
Еден дел од вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците се пожалија по посетата на директорот на Агенцијата заедно со амбасадорот на Турција. Според информациите, директорот најавил дека на оваа посета ќе присуствуваат само лица од турска националност, но во реалноста, покрај присутните од турска националност, имало и вработени од други етнички групи, освен од албанска националност.
Овој потег предизвика незадоволство меѓу вработените, кои сметаат дека таквата селективност може да создаде поделби и да ја наруши атмосферата на еднаквост во Агенцијата.
Од друга страна, директорот на Агенцијата, Далибор Китановиќ рече дека поплаката не е издржана.
„Во АОПЗ освен турци и албанци, има и представници од ромската, српската, влашката, ромската заедница, хрватската заедница. Затоа немам коментар на истата“, рече Китановиќ.