XStoryXВести

Резултатот од Судска медицина потврди: Младиот Љупчо Лешко почина од струен удар

Три месеци откако полицијата ја категоризираше смртта 20 годишниот на Љупчо Лешко како “незнаена смрт” извештајот на судската медицина потврди дека се работи за насилна смрт од струен удар.

Адвокатот на семејството Лешко, Владимир Туфегџиќ јавно го истакна незадоволството за развојот на истражната постапка.
“Од прибраните податоци и докази ценам дека се направени крупни пропусти при увидот на лице место и наместо непристрасна и независна истрага полицијата очигледно имала однапред изградено мислење и теорија дека се работи за несреќен случај и тоа во криминалистиката е познато како пристрасност или заблуда на потврдувањето на состојби, докази и факти каде што се игнорираат сите факти и докази кои се противни на однапред изградениот став, школски пример како не треба да се постапува. На јавниот обвинител му најавивме активно учество во постапката со техничко лице од областа на електротехниката а со цел целосно расчистување на состојбата на работите.”

Related Articles

Back to top button