XStoryXВести

Комерцијална банка бега од одговорност: Не можеме да дадеме информации поради законските регулативи

Откако пензионерката Сабија од Струга зборуваше јавно за тоа дека е измамена од страна на администраторката во банка во соработка со извршителката каде и е предложено да подигне кредит од 2800 евра, потоа се префрлени средства на извршителката без нејзино одобрување.

„Ти играш со парите на банката“, вели Сабија за администраторката на банката. „Зошто да земам кредит без моето одобрение?“, изјави Сабије Шабани.

Од друга страна, Комерцијална банка информираше дека сите нејзини постапки се изведуваат во согласност со важечките законски прописи, правила и процедури, и врз основа на уредно авторизирана документација од клиентите. Од банката нагласуваат дека согласно со законската регулатива која го уредува банкарското работење и заштитата на личните податоци, не се во можност да обезбедат повеќе информации за конкретни случаи.

„Согласно законската регулатива која го уредува банкарското работење и заштитата на личните податоци, не сме во можност да изнесуваме повеќе информации“, велат од банката.

 

Related Articles

Back to top button