XStoryXВести

Психичка и физичка тортура, мизерни услови и тотална партизација

Како Шкодран Толај го приватизираше државниот ансамбл?

Останаа само 3 лица од 37 вработени во Државниот ансамбл на игри и ора на Албанците, меѓу нив танчари, солисти, инструменталисти и администрација, без никакво објаснување, не добија продолжение на договорите, вклучувајќи и бремена жена која останаа без здравствено осигурување. Вработените до редакцијата на PortaliX приложија низа докази за тоа што им се случувало во текот на овие 5 години во Државниот ансамбл. Танчерите често одбиваа да изведуваат проби во салата на АРМ бидејќи немало основни услови. За нивните барања никогаш не биле сослушани, дури и директорот Толај насилно задржа еден од танчерите за да продолжат со пробите.

Заради ова, танчерите претрпеа физички повреди, како што повреди на рбт, повреди на екстремитетите, психолошки проблеми, настинки бидејќи во салата немаше греење и ова предизвикуало често да се разболат. Иако вработените во ансамблот постојано бараа подобри услови, тоа никогаш не беше остварено. Дури и се жалеле неколку пати до Министерството за култура за мобинг и притисок.

Додека Толај одбива да создаде услови за работа, тој за својот канцелариски простор преку јавна набавка обезбедува столици и маси. И тоа во спецификациите стои дека неговата столица треба да биде од мека и природна кожа, додека масата треба да биде со висока осветленост. Во меѓувреме, неговите вработени сами го обновиле таванот и подот, монтирале импровизирана гардероба бидејќи немале каде да се облекуваат. Сами ги чистеле подот и тоалетите.

За директорот Шкодран Толај најважно било постирањето на фејсбук страницата. Дури и страницата на ансамблот ја злоупотребил со објавување на лични работи, настани на ДУИ, фотографии и видеа на Али Ахмети, работи кои воопшто не се поврзани со ансамблот.

За сите детали проседете ја сторијата на јутуб каналот на Порталикс.

Related Articles

Back to top button