
Кога социјалната помош станува товар - долгови за социјална помош поради ненавремени институционални проверки
Корисниците на социјална помош и детски додаток се соочуваат со долгови до 200 илјади денари поради ненавремените институционални проверки. Додека Министерството ги признава слабостите во системот и најавува анализи за негово унапредување, семејствата со ниски приходи се принудени да ги враќаат добиените средства, иако институциите навреме не ги утврдиле промените во нивната материјална состојба.








