Portali X
Насловна

Лотарија повторно се бламира: јавниот интерес е поважен од обидот да се сокријат исплатите!

1 min 24
Лотарија повторно се бламира: јавниот интерес е поважен од обидот да се сокријат исплатите!

Наместо да објасни кому, за што и колку пари исплаќала, Државна лотарија се најде во приказна за наводна повреда на личните податоци по објавувањето на сторијата на ПорталиХ за хонорарците.

Во својата пријава, Лотарија лажно нè обвини дека сме објавиле броеви на банкарски сметки. Тоа обвинување не наоѓа поткрепа во утврдената фактичка состојба: супервизорите наведуваат дека биле објавени име и презиме, банката преку која се вршела исплатата и исплатениот износ. Броеви на сметки не се наведени меѓу објавените податоци. Едно е име на банка, а сосема друго е број на банкарска сметка!

Супервизорите не утврдиле повреда на прописите за заштита на личните податоци.

Во записникот јасно се наведува дека јавноста има интерес да знае како друштво во државна сопственост ангажира лица, за каква работа и колку јавни пари издвојува за нив. Објавените податоци се оценети како минимални и потребни за информирање на јавноста, а јавниот интерес преовладува над приватниот интерес на наведените лица.

Нашата сторија отвори прашања за роднини и партиски кадри на платниот список на Лотарија. Овој записник не е одговор на тие прашања — тој потврдува дека со објавувањето на податоците не сме ги прекршиле прописите за заштита на личните податоци.

Прашањето останува: кому му се исплаќале јавни пари и што сработил за нив?

Јавните пари бараат јавна отчетност.

Сподели

Слични