Portali X
Насловна

ФОТО | Наредени банкнотите: Еве колку пари заплени полицијата во Струмица

1 min 223
ФОТО | Наредени банкнотите: Еве колку пари заплени полицијата во Струмица
MVR Strumica
MVR Strumica



Според извори на ПорталиX, во текот на полициската акција била пронајдена значителна сума пари во готовина, која, според нашите информации, изнесува околу 600 илјади евра.

Претресите биле извршени во рамки на истрага против две физички лица и едно правно лице од Струмица, за кои е поднесена кривична пријава под сомнение за даночно затајување и перење пари.

Пронајдените пари биле запленети и ќе бидат предмет на понатамошна финансиска истрага, со цел да се утврди нивното потекло и дали се поврзани со активностите што се предмет на постапката.

Истражините органи го проверуваат финансиското работење, документацијата и трансакциите на пријавените лица и правното лице, со цел да се утврди начинот на кој биле стекнати средствата и евентуално дали потекнуваат од незаконски активности.



Сподели