„Национални шуми“ велат дека не барале од вработените К-15 во дрва, документите покажуваат дека се барала согласност

Од ЈП „Национални шуми“ тврдат дека не е точно оти од вработените се барало К-15 да го примаат во огревно дрво наместо во пари. Сепак, документите покажуваат дека од нив била барана согласност за ваква компензација.
Во известување заведено на 25 март 2026 година, од вработените се бара да се изјаснат дали се согласни регресот да го добијат во ваква форма. Во документот се наведени и конкретни износи: 10.000 денари за 2023 година, 10.984 денари за 2024 година и 12.372 денари за 2025 година.
Дополнително, се наведува дека вработените треба да потпишат изјава за согласност, која потоа ќе се доставува до подружниците и архивата.
Во одговорот, од „Национални шуми“ велат дека не е точно оти бараат од вработените К-15 да го примаат во огревно дрво наместо во пари и дека нема донесено одлука за задолжителна ваква компензација.
„Не е побарано од ниту еден вработен присилно потпишување на изјава“, наведуваат од претпријатието.



