XВестиБалкан

Собранието на Косово денес се состанува за избор на потпретседател од српската заедница

Собранието на Косово денес ќе ја продолжи конститутивната седница, со главна точка на дневниот ред – избор на потпретседател на Собранието од редовите на српската заедница.

Седницата се одржува по објавувањето на целосната пресуда на Уставниот суд на Република Косово, со која е утврдено дека конститутивната седница, започната на 15 април 2025 година, не завршила поради неизборот на потпретседателот на Собранието од српската заедница.

Во одлуката објавена од Судот се наведува дека Собранието не е конституирано во согласност со член 66 и член 67 од Уставот на Република Косово, кои ги утврдуваат постапката и мандатот на претседателот и потпретседателите на Собранието.

Судот нареди конститутивната седница да заврши во рок од 12 дена од влегувањето во сила на оваа одлука, во согласност со уставните рокови и со претходните пресуди во предметите КО193/25 и КО196/25.

Исто така, Уставниот суд упати апел до сите пратеници на Собранието, во процесот на избор на потпретседателот од српската заедница, да ја извршуваат својата функција „во најдобар интерес на Република Косово“ и во согласност со Уставот и Деловникот на Собранието.

Related Articles

Back to top button