XВести

Учениците Албанци ќе учат со учебници на турски јазик?

Останаа само две недели до почетокот на учебната година, а основните училишта сè уште не се снабдени со учебници. Но и учебниците што се испечатени се дистрибуираат погрешно. Наместо на албански, се дистрибуираат книги на турски јазик. Во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Кондово, општина Сарај, каде што сите ученици се Албанци, пристигнале книги на турски јазик, додека на албански јазик сè уште недостасуваат.
Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека немало ниту една пријава за ваков случај. Таа додава дека не страшно бидејќи книгите можат да се заменат.
Инаку, ова не е прв пат да се испратат книги кои не се соодветни, иако училиштата известуваат за погрешната дистрибуција, дистрибутерот никогаш не ги враќа книгите за да се достават соодветните.

Related Articles

Back to top button