Инцидент на аеродромот во Скопје: Уапсен словачки навивач, 10 вратени во граница

Синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е регистриран инцидент во кој е уапсен еден словачки навивач поради агресивно однесување за време и по завршување на летот од Словачка. Десет други навивачи, дел од истата група, не биле пуштени да влезат во државата поради безбедносни причини.
Според МВР, околу 20:30 часот, службите на аеродромот и Регионалниот центар за гранични работи пријавиле дека неколку лица под дејство на алкохол не ги почитувале правилата за време на летот и ги вознемирувале патниците и екипажот. По слетувањето, нивното неодговорно однесување продолжило и на пистата.
Полициски службеници веднаш интервенирале и го уапсиле Л.Т. (38) од Словачка, а на уште десет други лица им бил забранет влез во државата.
По целосно документирање на случајот, против уапсеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


