Uncategorized @mkXВестиЛокално

SafeCity нема да почне со казни од јануари, туку февруари

Министерството за внатрешни работи го одложи стартот на казнувањето преку системот „SafeCity“, иако првично беше најавено дека тој ќе почне да се применува од 1 јануари.

Од МВР информираат дека системот официјално ќе започне со изрекување казни од 1 февруари 2026 година, и тоа на територијата на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10.

Во текот на јануари, „SafeCity“ ќе остане во тест-фаза, при што возачите ќе добиваат СМС-предупредувања за сообраќајни прекршоци, без финансиски санкции. Одлуката за одложување е донесена поради потреба од дополнително тестирање и калибрација, откако техничките тимови утврдиле одредени неусогласености во системот.

Покрај одложувањето, од МВР најавуваат дека се разгледува и можноста за воведување толеранција во однос на брзината, односно да не се казнуваат возачите кои во урбана средина возат 52 или 53 километри на час.

Од Министерството нагласуваат дека целта на „SafeCity“ не е масовно казнување, туку подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните несреќи преку прецизен и фер систем.

Related Articles

Back to top button