
Комора на извршителите на Северна Македонија даде детален одговор во врска со случајот на Сабие Шабани, која плати двојно повеќе од долгот што го имала кон операторите А1 и Македонски Телеком. Сабие Шабани, пензионерка која живее сама и има оштетен вид, пријави до редакцијата на Порталикс дека неправедно е оштетена затоа што била принудена да земе кредит од 2800 евра за да ги исплати долговите кон извршителот.
Од друга страна, Комората на извршители одговорија дека Сабие Шабани не претрпела никаква финансиска штета и дека извршителот не направил никакви неправилности во распределбата на средствата.
„Во канцеларија на извршителот, должникот Сабие Шабани доброволно пристапила и побарала состојба за предметите каде што од нивна страна е дадена состојба за сите 4 предмети, а должникот извршила доброволна уплата по сите предмети на ден 01.11.2023 година.
Во два предмети каматата утврдена во налогот за извршување ја надминува главницата и истата при распределба е пресметана согласно Законот за облигациони односи (Службен весник на РМ бр.15/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009, 123/2013 и Службен весник на РСМ бр.215/2021 и 154/2023) па согласно тоа извршителот извршил поврат на дел од средстства на сметка на должникот.
Во прилог Ви доставуваме детелен преглед во однос на распределените средства:
И.бр.1631/2019 вкупно наплатени средства 38.002,00 денари:
-извршни трошоци 2.395,00 денари
-адвокатски трошоци 8.333,00 денари
-главен долг 13.043,00 денари
-камата на главен долг 13.043,00 денари
-поврат на должник 1.188,00 денари
И.бр.891/2019 вкупно наплатени средства 28.005,00 денари:
-извршни трошоци 3.411,00 денари
-главен долг 11.870,00 денари
-камата на главен долг 10.693,00 денари
-процесни трошоци 1.410,00 денари
-камата на проесни трошоци 621,00 денари.
И.бр.275/2022 вкупно наплатени средства 8.397,00 денари:
-извршни трошоци 1.796,00 денари
-главен долг 2.463,00 денари
-камата на главен долг 1.900,00 денари
-процесни трошоци 1.785,00 денари
-камата на процесни трошоци 453,00 денари.
И.бр.484/2015 вкупно наплатени средства 50.217,00 денари.
-извршни трошоци 4.157,00 денари
-адвокатски трошоци 9.484,00 денари
-главен долг 16.398,00 денари
-камата на главен долг 16.398,00 денари
-поврат на должник 3.780,00 денари.
Оттука, јасно се гледа дека на сметка на извршителот биле уплатени вкупно 124.621,00 денари и тоа повторно ќе напоменаме доброволно од страна на должникот“, велат во одговорот.



