XStoryXВести

Зошто не може да се гради асфалтна база во Кисела Вода, а може во Визбегово?

Парцелата каде што Топ Билд планираше да ја изгради асфалтната база во Кисела Вода е на 142 метри од првата куќа и на 222 метри од втората најблиска куќа.

На 14 декември 2021 година, компанијата Топ Билд бара градежна дозвола од Град Скопје за изградба на асфалтната база во Општина Кисела Вода, или поточно, во поранешната стаклара. Градот Скопје го одбива барањето затоа што е блиску до населено место.
Логична причина.

Откако беше одбиена во Кисела Вода, компанијата доби градежна дозвола во општина Чучер Сандево за изградба на асфалтната база во Визбегово.

Локацијата каде што Топ Билд бара да изгради асфалтна база во Визбегово е на 553 метри од првата куќа и на 624 метри од втората куќа.

Целосната сторија можете да ја проследите на видео записот.

Related Articles

Back to top button