
37-годишна пациентка, болна од Кронова болест, почина по две операции на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје. Семејството на починатата се сомнева во лекарска грешка, наведувајќи дека нејзината состојба се влошила по втората операција и дека главниот хирург отпатувал во странство, додека третманот бил препуштен на помлади специјалисти.
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија дека е примена пријавата и дека е започнат вонреден инспекциски надзор. Директорот на клиниката, Огнен Костовски, најави дека ќе се формира и внатрешна комисија за истрага на случајот – доколку се утврди вина, клиниката ќе преземе мерки согласно законот.
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека инспекторатот веќе е на терен и дека лично ќе потпише решение за формирање на експертска комисија, која детално ќе ги испита причините за смртта на пациентката.



