
Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатирале пропусти при лекувањето на сега веќе починатото седуммесечно бебе од Скопје. Два дена инспектори бараат одговори дали има пропусти при прегледот на бебето. Вонреден инспекциски надзор имало на три клиники и тоа на Универзитетската клиника за детски болести, Инфективната клиника и дерматологија каде што бебето било прегледано, дознава Порталикс од извори во Државниот санитарен инспекторат.
Таткото на седуммесечното бебе Влатко Трпкоски, ги обвиниува клиниките за не навремена хоспитализација и диагноза неговото чедо. Наместо да направат анализи тие го шетале од една во друга клиника. Од детска клиника го упатиле на дерматологија за на крај да го испратат на Инфективна. И покрај ова директорот на детската клиника, Реџеп Мемеди, пред да се изврши инспекциски надзор и да се откријат причините за смртта, изјави во медиуми дека детето имало синдром од кои веќе биле оштетени сите органи. Тој денеска не сакаше да даде изјава но не информираше само дека детето било примено поради сомневање на синдром која се манифестира по тешка инфекција.
Ова е петото бебе што починало во период од два месеци во оваа клиника.
Утре се очекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги објави сите детали за извршената инспекција.