
·1 min
МВР и Град Скопје: Помеѓу барањето за придружба на нерегистрираните возила и кршење на Законот за возила
Ставот на МВР наместо да даде одговор, отвори повеќе прашања – дали во ист ден Град Скопје има поднесено барања за два различни настани кои беа направени во неколку денови разлика. Со нивниот одговор не се знае ниту дали е испочитуван законот, односно возилата имале потврда за пробно возење, налог за пробно возење или пробни регистарски таблички кои треба да бидат, а не беа видливи на ниту едно од овие возила.



