XВестиЛокално

Советот на Брвеница ќе го води ВМРО, албанските советници воздржани

На втората седница на новиот состав на Советот на општина Брвеница, за претседател на Советот беше избран Роберт Милошевски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ – партија од која доаѓа и градоначалникот на општината, Јовица Илиевски.

Милошевски беше избран со осум гласа „за“, кои ги обезбедија шестмината советници на ВМРО-ДПМНЕ и двајца советници од коалицијата на СДСМ.
Седумте останати советници – четворица од коалицијата ВЛЕН и тројца од Националната алијанса за интеграција – воздржаа од гласање. Советот брои вкупно 15 членови.

Со изборот на претседателот на Советот и доделувањето на мандатот за градоначалник, беше комплетирано формирањето на локалната самоуправа во општината.

По завршувањето на вториот изборен круг и истекот на роковите за поднесување жалби и приговори, Општинската изборна комисија Брвеница му го додели уверението за градоначалник на Јовица Илиевски, со што тој го продолжува својот втор мандат.

На 10 ноември, Комисијата им ги додели уверенијата на сите 15 избрани советници, по што беше одржана и конститутивната седница. Точката за избор на претседател на Советот тогаш беше одложена и беше ставена на дневен ред на денешната седница, на која Милошевски беше официјално избран.

Related Articles

Back to top button