XВестиЛокално

Мицкоски ги почна преговорите со коалиционите партнери за реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, Христијан Мицкоски, го информирал Извршниот комитет на партијата дека веќе започнале преговорите со коалиционите партнери во врска со најавената реконструкција на Владата.

Ова го соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, во интервју за „Сител“, додавајќи дека преговорите се во почетна фаза и дека дел од партиите во коалицијата веќе ги доставиле своите барања.

„Според информациите што Претседателот ги сподели со Извршниот комитет, преговорите започнале со политичките актери во Владата. Се работи за прва, иницијална фаза на разговори, во која некои од субјектите ги имаат презентирано своите барања. Владата, односно Премиерот, ќе продолжи со преговорите во наредниот период, а јавноста навремено ќе биде информирана“, изјави Сајкоски.

Генералниот секретар додаде дека верува оти и ВЛЕН и ЗНАМ остануваат силна поддршка на Владата и дека така ќе биде и во следниот период.

Очекуваната реконструкција би требало да донесе кадровски промени во извршната власт, а разговорите со коалициските партнери ќе продолжат во деновите и неделите што следат.

Related Articles

Back to top button