XВестиСвет

Мицкоски на Самитот за проширување на ЕУ: „Иднината на Европа е во нејзиното проширување“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во Брисел, каде што учествува на Самитот за проширување на Европската Унија, организиран од телевизијата „Еуроњуз“. Настанот ги обединува лидерите на ЕУ и земјите кандидати за членство, кои ќе дискутираат за идниот правец на европската интеграција.

Ова е уникатен самит што за првпат се пренесува во живо и има цел да отвори јавна дебата за дилемите со кои се соочува Унијата: дали ЕУ ќе се прошири и ќе продолжи да се развива, или ќе остане заглавена во политичка стагнација?

Според организаторите, војната на границите на Европа и растечките демократски аспирации во соседството ја претворија политиката на проширување во стратешка неопходност за иднината на Унијата.

Дискусиите на самитот ќе се фокусираат на можноста за проширување до 2030 година за земјите од Западен Балкан и Источното партнерство, како и на тоа што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на континентот.

Во најавата се поставуваат и клучни прашања: дали ЕУ е подготвена да стане поголема и поразновидна, и како може да ги зачува своите вредности додека ги исполнува ветувањата кон земјите кандидати?

Покрај премиерот Мицкоски, на самитот учествуваат и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателите на Молдавија, Србија и Украина – Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски – како и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ. Присутни се и еврокомесарката за проширување Марта Кос, претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер и европратеникот Марк Ботенга.

Related Articles

Back to top button