XВестиЛокално

Ахмети: На пролет предвремени парламентарни избори

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, излезе со најава за парламентарните избори. Тој, од митингот во Гостивар, најави дека тие ќе се одржат на пролет.

„Кога нацијата е во опасност, партијата нема значење. Не ни требаат партии кога се обидуваат да ни го негираат јазикот, кога се гази врз крвта на борците, кога ни се враќаат старите змии и хиени за да ни го згазат и тревникот над гробовите. Секој што мисли дека може да го врати назад албанскиот јазик, застапеноста и нашето достоинство, нека знае дека Албанците се пообединети од кога било“, изјави Али Ахмети.

Ахмети повика на масовно учество на изборите на 19 октомври, нагласувајќи дека „гласот е нашето најсилно оружје за да го одбраниме тоа што сме го освоиле со многу труд и жртва“.

Related Articles

Back to top button