
Истрагата за убиството на судијата Астрит Калаја добива нова димензија. Тиранската полиција соопшти дека се уапсени три нови лица, меѓу нив в чичкото на осомничениот убиец, како и обезбедувач од Апелациониот суд каде што се случи злосторството.
Во притвор се Џон Шкамби, чичкото на осомничениот Елвис Шкамби, и обезбедувачот кој бил на должност во моментот на нападот. Се сомничи дека пропуштил да спречи влез на вооружено лице во судницата, што довело до трагичниот исход.
Инцидентот се случи во судница на Апелациониот суд, каде што судијата Калаја беше смртно застрелан за време на рочиште – настан што го потресе правосудниот систем и јавноста во Албанија.
Полицијата продолжува со истрагата во повеќе насоки, вклучувајќи помагачи и можни соработници на осомничениот.
Надлежните институции најавуваат дека ќе направат се за целосно расчистување на случајот и изведување на сите одговорни пред лицето на правдата.



