XВестиЛокално

Граѓаните ќе ги имаат сите лични документи во апликацијата „Дигитален паричник“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник, која ќе биде претставена на Самитот за дигитален Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.

„Граѓаните треба да го замислат тоа како паричник со лични документи. Наместо да ја носите возачката дозвола и личната карта како пластични картички, ќе може да ги имате во вашиот мобилен телефон и секако сите услуги ќе бидат достапни таму. Го подготвуваме тест верзионот. Јас ќе го претставам и ќе прикажеме две услуги што ќе ги нуди тест верзијата. Ќе го почувствуваме пулсот на граѓаните, оние кои ќе бидат присутни на Самитот ќе можат да го симнат за да го тестираат. Мислам дека до крајот на годината веќе ќе имаме верзија што ќе ја ставиме во сите отворени мрежи за првпат“, изјави Андоновски.

Тој информираше дека Самитот во Скопје ќе има 800 учесници од над 20 земји и дека целта е Скопје повторно да се постави на мапата на дигитално развиените економии, при што нашата земја ќе се претстави како дигитално развиена држава, со приказ на постигнатото во изминатата година и визијата за иднината.

Во врска со електронските услуги за граѓаните, министерот Андоновски нагласи дека целта е сите услуги, особено најкористените, да бидат достапни со еден клик.

Related Articles

Back to top button