XВестиЛокално

Томовски: Специјални таблици досега добиле околу 500 службени возила

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ја посети Општина Гази Баба, како една од првите општини кои пристапиле кон промена на нови специјални таблици за службените возила. Томовски посочи дека покрај останатите државни институции кои ја прават промената, во процедура за нови специјални таблици се уште неколку скопски општини, како и Општините – Штип, Велес и Квадараци. 

Истакна дека специјални таблици досега добиле околу 500 возила, додека голем број на возила веќе се во фаза на промена. До завршување на целата постапка, Томовски рече остануваат уште две недели, по што, најави краен пресек за вкупниот број на возила со специјални регистарски таблици. Очекувањата се, вели, да бидат 1.500 до 2.000 возила на ниво на држава.

– Продолжуваме со промената со специјалните таблици, веќе сме во крајна фаза на нејзина реализација, останувааат уште некои две недели додека ја завршиме целосната акција. Можам да кажам дека до денешниот пресек имаме некаде околу 500 возила кои што добиле специјални таблици, има голем број на возила кои што се во постапка. Ќе оставиме уште две недели да направиме краен пресек. Општина Гази Баба е една од првите општини кои што први пристапиле кон промена на нови таблици, односно почитување на препораките на Владата. Тука морам да ги споменам и другите скопски општини кои што се во процедура, морам да ги споменам Штип, Велес, Кавадарци, бидејќи тие се општините покрај останатите државни институции кои што ја прават промената, рече Томовски.

Најави дека денеска од страна на владината прес-служба ќе биде објавен телефонски број и мејл адреса каде граѓаните ќе можат да пријавуваат потенцијални злоупотреби.

Related Articles

Back to top button