
Пратениците со безбедносни сертификати денеска влегоа во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Опозицијата достави повеќе од 30 прашања, меѓу кои и клучното – да се изврши декласификација на прислушуваните материјали, по обвинувањата дека поранешното раководство на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувало актуелниот премиер и тогашен опозициски лидер Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени.
Од парламентарната Комисија за надзор најавија дека утре ќе спроведат контрола и во Агенцијата за разузнавање.


