XВестиЛокално

Гори фабриката за слатки во Македонија, повредени неколку пожарникари

Голем пожар избувна во саботата навечер во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“. Настанот се случи околу 18:40 часот, зафаќајќи неколку магацини и производствени сектори.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола. Сепак, три производствени линии – број 6, 7 и 8 – изгореле, додека линиите од 1 до 5 биле спасени.

„Во гаснењето учествуваа екипи на пожарникари од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес“, изјави Ангелов.

Тој соопшти дека неколку пожарникари се повредени, при што добиле изгореници на нозете, откако се залепиле во смолата создадена од стопен шеќер во еден од погоните. „При обидот да ги ослободат нозете, чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале врз жешката маса“, појасни Ангелов.

Фабриката „Макпрогрес“ произведува слаткарски производи и бисквити под брендот „Винчини“. Властите информираа дека нема човечки жртви, а истрагата за причините на пожарот е во тек.

Related Articles

Back to top button