XВести

Закани, оружје, физички контакт – Претседателката Османи дел од скандал во скопскиот аеродром

 

Претседателката Вјоса Османи се најде во непријатна ситуација денес на скопскиот аеродром. Таа заедно со сопругот и децата требаше да патува од Скопје до Љубљана. Патувањето било приватно со компанијата Wizz Air, но претседателката не прифатила да ѝ се провери багажот, па обезбедувањето на аеродромот одбило да ја пушти без контрола.

Ситуацијата се влошила кога обезбедувањето на претседателката го отстранило полицаецот кој бил на контролниот пункт со цел да помине госпоѓа Османи. Било побарана помош од обезбедувањето на аеродромот, а претседателката побарала помош од претседателот на Собранието. Ситуацијата излегла од контрола кога еден член од обезбедувањето на Гаши извадил оружје на аеродромот.

Случајот е пријавен во полиција и внатрешната контрола на полицијата излегла на терен.

Related Articles

Back to top button