XВести

Полицијата ја исмејувала, ниту една пријава од жртвата не е евидентирана во СВР Куманово

Жената, која со години била жртва на насилство од нејзиниот сопруг, не извести дека неколку пати барала помош во полициската станица во Куманово, дури и крвава. Како што таа ни објаснува, полицијата не само што не презела ништо, туку и ја исмејувала.

За да провериме дали нејзините пријави се евидентирани низ годините во оваа станица, се упативме кон СВР Куманово. Оттаму велат дека за првпат за лицето слушнале пред два дена.

“Направени се проверки во ПС Куманово, од каде е добиена информација дека во ПС Куманово наведеното лице нема пријавено настан,” велат од СВР Куманово.

Тие додаваат дека за случајот биле известени од инспекторите на секторот за семејно насилство преку телеграма и дека во тек се активности за расветлување на случајот.

Related Articles

Back to top button