XВести

Наставниците од општина Сарај останаа без плати – Беџети пратеник, нема кој да ги потпише трансферите

Наставниците од основните училишта во Општина Сарај немаат земено плата поради невообичаена административна ситуација. Градоначалникот на општината, кој е задолжен за потпишување и одобрување на платите, седна на пратеничко столче, со што ги загуби потребните овластувања да потпишува за платите.

Иљас Весели иако е именуван за заменик градоначалник во општина Сарај не вршител на должноста и нема право на потпис.
Оваа ситуација предизвика големо незадоволство и загриженост кај наставниците кои имаат кредити и кои веќе доцнат со враќањето на долговите и плаќањето на сметките. За PortaliX велат дека општината требало навреме да ги среди овие административни проблеми.

Од општина Сарај не информираа дека издале барање за одобрување на потписот на Иљас Вејсели за на овој начин да се пуштат и платите.
Покрај наставниците, без плата останаа и работниците во администрацијата на општина Сарај.

Related Articles

Back to top button