XStoryXВести

30 семејства жртви на нефункционалниот систем

Илегално се поврза на системот за канализација, 15 месеци труе стари и млади

30 семејства кои живеат во стамбена зграда на улица Србо Томовиќ 31 во Куманово веќе 15 месеци живеат во фекалии поради отворена нелегална шахта од еден сосед од друга улица. Од смрдеата не можат да живеат во сопствените домови а нивните деца веќе почнаа да добиваат и инфекции.

„Вие сте на први спрат?. Да ова е под мојата спална. Ова миризба е и кај мене. Јас не можев неколку секунди да издржам. Што да правиме мора живееме тука. Никој не превзема мерки. Имав некои фотељи но не можам да дојдам тука 15 месеци. Не можевте да влезете. Не не можев. Беа со цистерна ја вадеа водата, пак дојдоа ја извадија водата нние плативме приватно. Беа го скршија прозорецет и ништо пак се поврати водата“, вели една станарка.

Откако директорот на Водовод Канализација од Куманово не сакаше да даде изјава преку телефон, отидовме и до канцеларијата но тој не беше таму затоа што имал смртен случај преку порака ни рече дека нема да ни даде изјава но ќе ни одговори писмено бидејќи проблемот е комплексен.

За подетално погледнете го видео записот.

Related Articles

Back to top button