Неколку часа по објавувањето на веста дека операционите сали не се во функција, Министерството за здравство не информираше дека салите се ставени во функција но екипата на Порталикс синоќа и денес ја посети клиниката и потврди дена се затворени операционите сали. Веќе четврти ден се надвор од функција вработените не информираа дека дефектот е саниран но треба уште една фирма да потврди дали салите може да се стават во функција.
Увид во клиниките изврши и санитарниот здравствен инспекторат од каде констатирале дека операционите сали мирисаат на гас и поради оваа причина наредиле овој проблем да го санираат општите служби кои се во близина на државната клиника. Разговаравме и со надлежните од оваа служба, од каде ни рекоа дека немаат никакви дефект, три фирми го провериле компримираниот кислород.


