XВести

Операционите сали на клиниката „Мајка Тереза“ затворени, пациентите 3 дена чекаат за операција

Операционите сали на клиниката „Мајка Тереза“ трети ден се надвор од функција поради ова пациентите дена чекаат за операција. Од МЗ велат дека дефектот со компримираниот воздух. Затекнавме во клиниката за ортопедија и еден пациент кој вели дека чека три дена но не му дале информација кога би бил опериран. На него му рекле дека има дефект со гас.
Од МЗ со одговор:
„Хируршките сали во Клиничкиот центар не се во функција поради проблем со компримираниот воздух. Во тек е сервисирање и се’ додека не се осигураме дека е завршено санирањето нема да има интервенции. Пациентите кои имаат потреба од итна интервенција се упатуваат во УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“ за здравствена заштита“, велат од МЗ.

Related Articles

Back to top button