
По инцидентот на 7 април во скопското село Коњаре, каде насилно и неправедно беше уапсен новинарот и основач на ПорталиХ, Фуркан Салиу, на социјалните мрежи се шират повици кон полицијата да го таргетира новинарот.
Во затворена група на Фејсбук, наречена МВР-ППП (Полициски припадници и поранешни), лицето Љупчо Москов, актуелен полицаец, ја повика полицијата „да не го заборави лицето“ на Фуркан Салиу. На објавата ја прикачи и фотографијата на новинарот.
Затворената група брои 7.300 членови, од кои повеќето сегашни припадници на полицијата и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
Објавата содржи националистички и албанофобичен јазик, со индиректни повици за насилство врз новинарот Салиу.



