XStoryXВести

Придружи се на тимот на Portalix

Доколку веруваш дека најважната приказна може да се крие во заборавено село, во населба без вода, во училиште, болница или во животот на човек чиј глас никогаш не бил слушнат, тогаш можеби токму ти си личноста што ја бараме.

Зошто да се приклучиш на Portalix?

Portalix е дигитална редакција посветена на новинарството од јавен интерес. Работиме во соработувачка средина каде што новинарите се охрабруваат да предлагаат сопствени идеи, да развиваат приказни и активно да придонесуваат во уредувачкиот процес преку иницијатива и самостојно истражување.

Бараме новинари кои сакаат да бидат на терен, да истражуваат, да откриваат приказни од значење за граѓаните и да ги обработуваат професионално, одговорно и со висок степен на интегритет.

Вештини и искуство

  • Љубопитност и способност за препознавање и развивање теми од јавен интерес.
  • Добри комуникациски, истражувачки и писмени вештини.
  • Посветеност на точноста, проверката на фактите и професионалната етика.
  • Подготвеност за учење, работа на терен и тимска соработка.

Претходното искуство во новинарството е предност, но не е задолжително. Ги охрабруваме да аплицираат и студентите, како и кандидатите кои се на почетокот од својата кариера и имаат мотивација да учат и професионално да се развиваат во нашата редакција.

Дополнителни информации

Portalix е медиумски проект поддржан од National Endowment for Democracy (NED). Работното место е финансирано во рамките на проектот, а надоместокот се определува согласно проектниот буџет и условите на проектот.

Како да аплицираш

За да аплицираш, испрати:

  • твоја биографија (CV);
  • доколку имате, доставете 2–3 примери од твојата работа (статии, репортажи, видеа или други новинарски содржини).

Апликациите испратете ги на: [email protected]

Краен рок за аплицирање: 19 јули 2026 година.

Related Articles

Back to top button