XВестиЛокално

Кривична пријава против апелацискиот судија Ѓоко Ристов за корупција и перење пари

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против судијата на Апелациониот суд во Скопје, Ѓоко Ристов, под сомнение за незаконско стекнување и прикривање имот, како и за перење пари.

Според полицијата, Ристов од 2020 година до денес давал лажни податоци за својата имотна состојба и за имотот на членовите на неговото семејство. Се сомнева дека поседувал имот кој значително ги надминувал неговите законски приходи.

Кривичната пријава е поднесена по спроведена истрага на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Во рамки на предметот, претходно беше извршен претрес во домот на неговите родители, при што беа пронајдени и одземени 350 илјади евра, информација која веќе беше јавно објавена.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство побара мерка куќен притвор за апелацискиот судија, откако Судскиот совет му го одзеде имунитетот и овозможи кривичната постапка да продолжи.

Случајот е поврзан и со истрагата против поранешниот државен адвокат Фехми Стафа, кој се наоѓа во притвор и се сомничи дека примил 50 илјади евра мито за да посредува и влијае врз судија од Апелациониот суд во Скопје во конкретен судски предмет.

Политички реакции

По поднесувањето на кривичната пријава, политичките партии реагираа, оценувајќи дека случајот е уште еден доказ за длабоката корупција во судскиот систем. Опозицијата бара целосна одговорност и расчистување на судството, додека владејачките партии порачаа дека институциите мора да постапуваат до крај, без политички притисоци.

Related Articles

Back to top button