XВести

(ВИДЕО)Прилеп: Фалсификувани делови го оштетиja возилото на Серкан Алиовски, штета 6 илјади франци

Серкан Алиовски од Швајцарија, за време на престојот во Прилеп, се соочи со неочекуван проблем со неговото возило, при што го однел својот „Мерцедес“ во локален сервис „Тумбе 07“, каде мајсторот заменил неколку делови на возилото. По завршувањето на услугата, тој платил сума од 55.000 денари за работата и заменетите делови.

Но, кога се вратил во Швајцарија, возилото му се расипало. Бил принуден повторно да го однесе возилото во сервис во Швајцарија. Таму било утврдено дека деловите заменети во Прилеп биле фалсификувани. За тоа има и докази снимени со видео.

Швајцарскиот сервис го информирал Серкан за тоа и тој бил принуден да плати сума од 6.000 франци за поправка на штетата што била предизвикана од фалсификуваните делови.

Серкан, разочаран, ангажирал адвокат за тоа како сервисот во Прилеп употребил и поставил фалсификувани делови, бидејќи сопственикот на сервисот, Христо Тумбовски, не прифатил да ја покрие штетата.

Контактиравме и со Христо, но тој не одговари на нашите повици. Инаку, Алиовски изрази сомнежи за практиките на наведениот сервис, кој им нанесува штета на сопствениците на возила и не гарантираат квалитет на понудените услуги.

Related Articles

Back to top button