
Возач на автобус број пет на Јавното претпријатие додека превезувал граѓани се однесувал дрско, употребувајќи навредливи зборови и на крајот покажал среден прст, раскажува патникот разочаран од однесувањето на возачот.
„Околу 7:30, возачот на автобусот број 5 без причина навредува“, вели патникот.
Одговор побаравме и од ЈСП, но од таму се уште нема одговор зошто возачот на автобусот покажал недолично однесување кон патниците.
Граѓаните со месеци се соочуваат со недостиг на автобуси. Освен што чекаат со часови, тие се принудени и да се соочат со арогантно однесување од некои возачи.