Центарот за социјална работа го демантира Portalix, Веселиновска тврди дека прекршувањата не се направени во нејзин мандат

Центарот за социјална работа реагираше со демант на текстот објавен на порталот Portalix на 12.01.2026 година, со наслов „Веселиновска го негира прекршувањето на законот, но документите зборуваат поинаку“, оценувајќи дека во објавата се изнесени неточни и застарени факти.
Во демантот, директорката на Центарот за социјална работа, Магдалена Веселиновска, наведува дека констатираните неправилности од инспекцискиот надзор биле отстранети во предвидениот рок и дека тие не се поврзани со нејзиниот мандат.
„Констатираните неправилности наведени во објавениот записник од Ваша страна а донесен од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерството за социјална политика, демографија и млади за кои е даден рок за отстранување на неправилностите – се отстранети.“
Понатаму, во демантот се појаснува дека конкретните предмети кои биле предмет на инспекција се однесуваат на период пред таа да ги одземе ингеренциите на поранешниот раководител.
„Конкретните предмети кои биле предмет на инспекција се однесуваат за период пред јас да му ги одземам ингеренциите на поранешниот Раководител А.Х. одговорен за тие предмети.“
Веселиновска наведува дека и при последниот контролен инспекциски надзор било утврдено дека неправилностите се отстранети, додека во текстот на Portalix се користат стари записници и фактички состојби кои не соодветствуваат со актуелната состојба.
„При последниот контролен инспекциски надзор од Сектор за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерството за социјална политика, демографија и млади ,направен на 23.12.2025 година ,констатирано е дека неправилностите се отстранети,а Вие во текстот наведувате стари Записници и стари фактички состојби кои не кореспондираат со актуелната состојба во која други за овие предмети во ЦСР Тетово ,самото Министерство за социјална политика, демографија и млади има покренато кривична пријава“
Од Центарот за социјална работа посочуваат дека за други предмети, кои не се поврзани со овој период, надлежните институции веќе имаат преземено соодветни законски мерки.




