XStory

Извршителката Весна Јакимовска физички го нападна Фуркан Салиу

Извршителката Весна Јакимовска, за чии сомнителни постапки PortaliX повеќепати известуваше, денеска физички го нападна новинарот Фуркан Салиу.

Во текот на извршната постапка во Кичeво, новинарот Салиу и тимот на ПорталиХ отидоа да добијат одговор од Јакимовска за многуте поплаки што стигнаа на нашата адреса за ова извршителка.

Но, наместо да одговори, Јакимовска ја нападна екипата на ПорталиХ, физички го повреди новинарот Салиу и оштети дел од медиумската опрема.

По физичкиот напад на извршителката, полицијата пристигнала на местото на настанот. Новинарот моментално се наоѓа во полициската станица во Кичево.

Овде можете да ги следите приказните на PortaliX за извршител Јакимовска:

Related Articles

Back to top button