
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, демантира дека бил во Белград во рамки на посетата, како што беше објавено во документи обезбедени од ПорталиX. Во реакцијата од Кабинетот на Гаши се наведува дека објавената содржина е „тенденциозна, исполнета со неточности и со цел да се манипулира со јавноста“.
Во демантот се потенцира дека претседателот на Собранието, согласно законот, е обврзан постојано да биде под придружба на безбедносните служби на МВР.
„Претседателот на Собранието продолжува да ги извршува своите обврски со целосна транспарентност и институционална посветеност. Ниту една манипулација не може да ја намали вредноста на неговата работа, додека Собранието останува отворено и одговорно во служба на граѓаните“, се наведува во демантот од Кабинетот на Гаши.



