Локално

ДУИ: Северна Македонија нема да стане „третата српска република“

Демократската унија за интеграција изрази длабока загриженост и го алармираше јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на проектот „Српски свет“.

Во реакцијата од партијата се наведува дека овој проект сè почесто се манифестира на официјален начин, со присуство и, за жал, со благослов на државни претставници на нашата земја.

„По прославите во Битола, каде високата делегација на Србија заедно со министри од нашата Влада под плаштот на ‘Солунскиот фронт’ го одбележаа српското освојување на нашите територии, на 7 септември на Кајмакчалан ја слушнавме и скандалозната изјава на српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, кој зборуваше за ‘патот на слободата’ и ‘враќањето во татковината’ на српската војска на македонска почва“, стои во соопштението.

ДУИ смета дека учеството на нашите институции во овие сценарија претставува сериозна историска и политичка провокација, како и обид за релативизирање на суверенитетот на државата, прикажувајќи ја Северна Македонија како „третата српска република“.

„Овој проект е директна закана за идентитетот, државната стабилност и евроатлантската ориентација на земјата. Охридскиот договор, мултиетничкиот кохезион и нашиот пат кон ЕУ се гаранција за иднината. Секој обид за поткопување на овие вредности ќе се соочи со наш отпор. Северна Македонија не е и никогаш нема да стане ‘третата српска република’!“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Related Articles

Back to top button