
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Северна Македонија, коалицијата ВЛЕН упати честитки до сите граѓани, потенцирајќи ја клучната улога на Албанците во зајакнувањето на еднаквоста и демократијата во земјата.
„Не може да се разбере современата историја на државата без Охридскиот договор, кој ѝ даде на оваа земја димензија на еднаквост и ја направи дом за сите граѓани. Независноста и еднаквоста се двата столба врз кои се гради нашата заедничка иднина“, се вели во честитката на ВЛЕН.
Коалицијата нагласува дека Албанците биле и остануваат најважната сила за евроатлантската ориентација на земјата и гаранција за соживотот.
„ВЛЕН им посакува на сите граѓани Среќен Ден на независноста, со верба дека заедно ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја“, завршува пораката.



