
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, изјави дека не постои документација која би потврдила дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бил прислушуван во текот на изминатите пет години додека бил во опозиција.
Според изјавите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер Мицкоски бил следен пет години, додека СДСМ бара декласификација на документите и прашува зошто се плаши власта. Димовски за „360 степени“ рече дека не постои никаков документ што ги потврдува овие обвинувања.
„Тврдам дека нема никаква документација поврзана со следењето на лидерот на опозицијата, и ако тоа постоеше, немаше да има потреба за овој циркус во Парламентот или за овој емисија. Доволно ќе беше документите да се декласифицираат и објават“, изјави Димовски.
Дебатата се однесува на три известувања доставени од сегашното раководство на АНБ, предводено од Бојан Христовски, против поранешниот директор и неколку вработени за индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. /ПорталX



